Connect with us

Вардар потпиша договор и со Аргентинецот Кастањеда

Најтрофејниот македонски клуб Вардар потпиша договор со Диего Факундо Кастањеда, аргентински фудбалер од средниот ред. Минатата сезона тој ја мина во Црна Гора во дресот на ОФК Петровац.

Диего Кастањеда (26) е аргентински офанзивен играч од средниот ред. Во своите настапи во Црна Гора, Кастањеда постигна 7 гола и регистрираше 5 асистенции, а на 5 натпревари беше „меч винер” за својот тим.

Кастањеда претходно играше за Бока Јуниорс до 20 години, а подоцна и за Б-тимот на Бока Јуниорс. Брзината, добрата техника, прецизните додавања и борбениот темперамент го прават вреден играч во офанзивниот среден ред и тој е вистински претставник на аргентинската фудбалска школа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови