
Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Вардар, го одигра вториот пријателски натпревар во рамки на подготовките во Раденци, Словенија, каде се соочи со актуелниот шампион на Словенија – Олимпија Љубљана. Словенците беа поуспешни и славеа со 2-0, благодарение на головите постигнати во второто полувреме.
Тренерот Гоце Седлоски натпреварот го започна со најсилниот состав. На голот беше Талески, додека одбранбената четворка ја сочинуваа Јанкулов, Најдовски, Матиќ и Маневски. Во средниот ред настапија Дурански, Босанчиќ, Тодоровски, Закариќ и Спахиу, а единствен во нападот беше Омерагиќ.
На почетокот мечот течеше во мирен ритам, а првата вистинска шанса ја имаше Вардар – во десеттата минута Закариќ се ослободи по десната страна и силно шутираше, но голманот на Олимпија беше на висина на задачата.
Словенците ја контролираа играта на средината на теренот и се заканија по грешки на одбраната на Вардар, но без резултат. Најсериозната закана за македонскиот тим дојде во 31. минута, кога Јанкулов спречи сигурен гол со интервенција на самата гол-линија. На другата страна, Спахиу имаше две шанси за погодок пред полувремето, но без успех.
Во вториот дел следеа ротации – во составот на Вардар влегоа Мишковски, Талевски, Цикарски и Ристевски, додека Олимпија направи целосна замена со нови 11 играчи, меѓу кои многу од првотимците.
Натпреварот продолжи во борбен ритам, а предноста Олимпија ја обезбеди во 66. минута преку Пинто, кој реализираше по најзрелата акција дотогаш. Вардар се обиде да одговори, но отворената игра остави простор за противникот, кој ја потврди победата во 79. минута со погодокот на Естонецот Алекс Там.
Следниот пријателски меч за Вардар е закажан за 24 јуни, кога „црвено-црните“ ќе се соочат со уште еден силен словенечки ривал – Марибор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер со пресврт до триумф против Урава редс

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Интернационалци
Езгјан Алиоски потпиша за Лугано

Интернационалци
Адеми со креативно видео претставен во Ујпешт

Евро-фудбал
Наполи ќе се засили со Вања Милинковиќ-Савиќ

Интернационалци
Мајорка е заинтересирана за Столе Димитриевски

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт
