Македонскиот фудбалски клуб Вардар испадна со официјално соопштение околку недоразбирањето со Бешикташ. Се се случи откако нашиот најтрофеен клуб објави соработка со најтрофејната екипа на Турција, при што првично, следеше демант од страна на “црно-белите”. Се тоа, за евентуално, Турците денес да се поправат, тврдејќи дека, навистина, човек од нивите редови дошол во посета на Скопје.
По сето ова, се огласи и Вардар, кој со ново соопштение се обидоа да разјаснат каде настанало недоразбирањето и прекинот на комуникацијата.
“Заради недоразбирањата околу соработката на Вардар со турскиот Бешикташ, должни сме да ја известиме јавноста дека спомнатата средба со Бајрам Билим, шефот на скаутската служба на турскиот актуелен првак, беше одржана и воспоставените контакти официјализирани, за можна натамошна соработка.
“Без оглед на сегашната состојба и позиции, Вардар е македонска фудбалска гордост, извориште на плеада извонредни фудбалери низ изминатите децении, за да може да си дозволи со лажни информации да го привлекува вниманието на јавноста.
“Објавеното се покажа дека е точно, а демантот за вистинитоста е поткрепен, (во желба за оправдување) со контра демант од таборот на Бешикташ, кој ја потврди средбата и контактите за соработка. Некаде скинатата алка на синџирот на медиумскиот тим на Бешикташ придонесе реакции и во македонските медиуми, создавајки сомнеж во функционалноста на нашите структури“, велат од Вардар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













