Вардар го доживеа третиот пораз оваа сезона, откако загуби со 2-0 на гостувањето кај Ренова. „Црвено-црните“ и покрај тоа остануваат на првата позиција на табелата во Првата лига со 43 бода, а Ренова по трите победи во низа се извлече многу поблиску до средишниот дел.
Ренова поведе уште во петтата минута. Миовски беше соборен од Гачевски во шеснаесетникот, а Арџент Гафури беше успешен пеналџија за домашниот тим.
Во 56.минута, Матеј Цветаноски имаше убава можност за израмнување, но шутираше крај голот. Потоа дојде вториот пенал за Ренова.
Миовски продре во шеснаесетникот, над него стартуваше Евгениј Новак и беше покажана најстрога казна. Повторно успешен реализатор беше Арџент Гафури. По ова беше јасно дека вардарци ќе заминат со наведнати глави од гостувањето во Тетово.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













