ФК Вардар денес официјално ја обезбеди неопходната документација, односно завршната сметка и ревизијата, кои беа потребни за учество во Првата македонска фудбалска лига информираше попладнево клубот.
-Причината поради која се доцнеше со прибирањето на потребната документација, беше долгот кој поранешниот директор на клубот Слободан Крстевски, го направил кон сметководителите. Поради тоа, бевме приморани да повлечеме средства од досегашната сума собрана од акцијата за продажба на членски карти, во вредност од 315 000 денари и да го исплатиме заостанатиот долг, бидејќи тоа беше единственото можно решение во дадената ситуација. Овој проблем е доказ за тоа колку е важно секој од нас да купи членска карта, се вели во објавата на клубот на социјалните мрежи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













