Connect with us

Вардар ќе доведе големо засилување од Мец, а ќе го купи и Олаосебикан од Брера

Вардар продолжува да се засилува во овој подготвителен период, во пресрет на настапот против Ла Фиорита во квалификациите за Конференциската лига, и секако за новата сезона во Првата македонска лига. Најавени се две нови засилувања, а одбиени се и неколку понуди од странство за одредени фудбалери.


„Од ‘закопан’ клуб, ако така можам да се изразам, сега сме во ситуација да имаме понуди за Роџерс Мато, за Михаил Талевски – 100.000 евра од Партизан, ги одбивме, а сега имаме и најнова за Мислав Матиќ од Дармштат…и таа ја одбивме. Сакаме да имаме силен тим за тоа што ни следи и дополнително се засилуваме. Доаѓа Ибрахим Олаосебикан од Брера, а во среда треба да пристигне и засилување од Мец. Ќе имаме двајца „странци“ кои влегуваат во квотата Западен Балкан, Немања Босанчиќ и Горан Закариќ, и уште осуммина други колку што дозволуваат регулативите на ФФМ“, изјави Миленко Неделковски, во друштво и на спортскиот директор Игор Ивановски.

Пред потпис со Вардар е уште еден Аргентинец, Диего Кастањеда, кој игра во средниот ред.

Вардар вчера загуби од Олимпија Љубљана со 2-0, а следниот тест ќе го има против Рапид Букурешт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови