Connect with us

Вардар има нов сопственик, се чека јавно да презентира документи од купопродажбата

Најголемиот фудбалски бренд Вардар, според информациите, има нов сопственик. Тоа е компанијата „Блу Скај Инвестментс“ која правно го заокружила преземањето на клубот од рускиот спонзор Сергеј Самсоненко, но, сега се очекува документите да ги презентира и во јавноста, како што тоа во минатото го правеле сите кои го предводеле најтрофејниот македонски фудбалски клуб. Да биде одржана прес – конференција на која ќе се дознаат сите детали, јавноста да ги добие потребните одговори. Без разлика што Вардар е сега второлигаш.

Нов предводник на Вардар е Слободан Крстевски, а тимот на 10 јули треба да го одработи првиот тренинг под раководство на новиот шеф на стручниот штаб Горан Симов. Мисијата е експресно враќање во елитата, откако Никола Илиевски Џиџи, заедно со соработниците Бобан Грнчаров, Златко Таневски, Никола Глигоров, не успеаја да го задржат во Првата лига минатата сезона.

И од тој кадар на Вардар заминаа многу фудбалери, а новиот спонзор веќе има договорено неколку имиња, кои заедно со ветеранот Дејан Блажевски треба да оформат респектабилен тим за враќање во прволигашка конкуренција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови