Connect with us

„Вардар има буџет од најмалку 3,5 милиони евра и ќе атакува на двојната круна“

Најтрофејниот македонски клуб Вардар комплетно се консолидира на финансиски план, ги исплати сите долгови (дел од нив се обврски кои ќе се подмируваат и на рати во наредниот период) и сега со големи амбиции влегува во новата сезона. Извршниот директор Миленко Неделковски открива дека клубот има проектиран буџет од најмалку 3,5 милиони евра и ќе атакува на двојната круна.


„Нема што да се крие, Вардар има големи амбиции за новата сезона. Ја посакуваме двојната круна, што нема да биде лесно да се реализира, а целта е да се мине и барем првото коло во квалификациите за Конференциската лига. Вардар е сега финансиски стабилен клуб со проектиран годишен буџет од најмалку 3,5 милиони евра. Првпат по долг период пријавивме добивка од 250.000 евра за минатата година. Со јуни 2025 не должиме на ниту еден субјект, хотели, превозници. А знаеме како беше кога во презедовме клубот. Сега сето тоа е зад нас, еден навистина мачен период во кој вложивме максимални напори да ги средиме работите, со сериозен план, организација и секако бек-ап“, вели Миленко Неделковски.

„Имам голем респект кон легендарниот Андон Дончевски, кој сам си плати авиоснки билет за бизнис-класа од Австралија за да дојде и да го гледа Вардар во финалето на Купот на Македонија. Јас му упатив покана и му понудив авионски билет од економска класа, но поради возраста тој мораше да патува покомфорно. Самиот издвои голема сума, разликата беше околу 5.000 долари, само затоа што имаше огромна желба да дојде и да го гледа Вардар во живо. Тоа е потег што заслужува максимална почит. Секоја чест за Чичко Дончо“, дополни првиот човек на Вардар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови