Вардар е во налет, а Шкендија сака да го задржи првото место на табелата и предноста што ја има пред конкурентите. Ова е гаранција за возбудлив дуел меѓу ривалите кои секогаш будат дополнителна фудбалска тензија со меѓусебните пресметки.
Вардар овојпат ќе биде домаќин на стадионот на ФФМ (15 часот), а оттаму има убави спомени по триумфот над Работнички (0-2).
Шкендија е на врвот со 49 бода и претендира таму и да остане, додека Вардар се наоѓа на осмата позиција на табелата со 21 бод и сѐ уште се бори за да обезбеди опстанок во елитата. Но, оваа пролет вардарци имаат значително посилен тим, комплетно реновиран и сигурно дека можат да и го загорчат животот на Шкендија.
Во првиот пролетен дуел, Шкендија славеше со 1-2 против Вардар на арената „Тодор Проески“.
Останатите натпревари од 24.коло се играат утре.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













