На македонските фудбалски терени викендов нема да се играт натпревари, откако поради локалните избори што ќе се одржат утре, сѐ е одложено.
Активностите ќе продолжат во вторник и среда (21 и 22 октомври), кога на програмата се пет осминафинални натпревари од Купот на Македонија. Вардар и Работнички ќе бидат домаќини во овие дуели, но двата тима нема да играат на националната Арена „Тодор Проески“.
Причината е состојбата на теренот, кој мора да се заштити и подготви за европскиот натпревар на Шкендија. Тетовци во четврток ќе го пречекаат ирскиот Шелбурн во второто коло од Конференциската лига на УЕФА.
Во наредните денови на Арената ќе се спроведуваат активности за одржување и заштита на тревникот, особено поради дождливите услови, за да се спречи дополнително оштетување. Затоа, скопските клубови ќе мора да побараат алтернативни терени: Работнички во вторник ќе ја пречека Брегалница на стадионот во Автокоманда, додека Вардар ден подоцна ќе биде домаќин на Новаци на теренот на ФФМ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













