
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар пред една година започна партнерство со австриската компанија за игри на среќа „Новоматик“, која стана генерален спонзор на тимот. Целта на оваа соработка беше постепено враќање на Вардар на патот на старите успеси.
Денес, една година подоцна, оваа соработка се обновува. Вардар зад себе има успешна сезона – заврши на петтата позиција во домашното првенство и по 18 години повторно го подигна трофејот во Купот на Македонија.

Вардар избори пласман на европската сцена и в четврток ќе го одигра првиот квалификациски меч против Ла Фиорита од Сан Марино на домашен терен во Скопје. Македонскиот клуб е фаворит во овој дуел и се надева на пласман во следната рунда.
Новото спонзорство со „Новоматик“ е потпишано на период од две години, што ќе му овозможи на Вардар дополнителна стабилност и поддршка за остварување на поставените цели. Вкупната вредност на договорот изнесува еден милион евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal