Најтрофејниот македонски клуб Вардар се мачи со финансии, меѓутоа фудбалерите и стручниот штаб даваат и натчовечки напори за да ја остварат целта, враќање во елитата. Тоа воопшто не е лесна мисија, а денеска (16 часот) следи една од големите битки, против директниот конкурент Гостивар.
Вардарци ќе го пречекаат Гостивар на стадионот „Борис Трајковски“ и се надеваат дека со триумф ќе направат голем чекор напред кон враќање во Првата лига.
Дополнителен мотив за младите фудбалери ќе биде присуството на легендарниот тренер на Вардар и поранешен селектор на Македонија, Андон Дончевски. Тој ќе го следи натпреварот и сигурно ќе знае да ги мотивира „црвено-црните“ пред важниот дуел.
Останатите натпревари од 24.коло во Втората лига се играат утре.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













