
Најтрофејниот македонски клуб Вардар го доби градскиот дуел со Работнички (0-2) и се уште е „жив“ во трката за шампионската титула. Тоа е трет пооследовен пораз за „романтичарите“ кои се се подалеку од излез на европска сцена.
Ренова ја совлада Беласица со 3-1 во пресметката на двајцата поранешни селектори Никола Илиевски – Џиџи и Ѓоко Хаџиевски, а Шкупи ремизираше без голови на Чаир против Македонија ЃП.
Работнички и Вардар одиграа одличен натпревар на арената „Филип Втори“, а славеа „црвено-црните“. Матеј Цветановски во шестата минута донесе водство за вардарци по проигрувањето од Владица Брдаровски. Хуан Фелипе во 55.минута беше стрелец на вториот гол, откако со удар од 20 метри ја затресе мрежата на „романтичарите“.
Чарлс Гофри во 69.минута ја погоди гредата од голот на Вардар, а во продолжение од акцијата не погоди и Баже Илијоски.
Во Кратово, Шкендија славеше против Силекс со 0-3. Филип Миленковски во 25.минута си постигна автогол, а Агим Ибраими во 66.минута зголеми на 0-2. Висар Муслиу во завршницата погоди третпат за гостите, за нови три бода за Шкендија.
Ренова беше подобра од Беласица во Тетово и победи со 3-2. Бојан Миовски во осмата минута го отвори резултатит, а Емран Рамадани во 21.минута зголеми на 2-0. Мартин Мирчевски намали десет минути подоцна, но Мухамед Усеини во 75.минута постигна фантастичен гол од 30 метри, како трет погодок за Ренова. Душан Савиќ во 90.минута само намали за конечни 3-2.
Македонија ЃП на Чаир го совлада Шкупи со 0-1 со голот на Боби Божиновски, а натпреварот меѓу Победа и Академија Пандев ќе се одигра на 1 мај.
ПРВА ЛИГА, 24. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0-2
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 0-3
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-1
РЕНОВА – БЕЛАСИЦА 3-2
ПОБЕДА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (ОДЛОЖЕНО)
Табела: Шкендија 53, Вардар 45, Академија Пандев 42 (-1), Ренова 33, Шкупи 33, Работнички 31, Македонија ЃП 29, Силекс 24, Беласица 19, Победа 18 (-1).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
