Македонскиот второлигаш Вардар Форино го загуби статусот и автоматски е префрлен во најнизок ранг на натпреварување откако не го одигра и вториот натпревар оваа сезона. ФФМ донесе одлука да го дисквалификува Вардар Форино, а на Гостивар му додели службена победа од 0-3.
„Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија според член 82. од Правилникот за натпреварување на ФФМ донесе одлука за дисквалификација на екипата на ФК Вардар с. Форино од понатамошно натпреварување во Втора МФЛ – Запад поради неоправдано непојавување на натпреварот од 17. коло на Втора МФЛ – Запад помеѓу ФК Вардар с.Форино – КФГ Гостивар закажан на 27. февруари 2021 година во Гостивар. Комисијата за натпреварување овој натпревар го регистрираше со службени 0:3 за екипата на КФГ Гостивар.
Екипата на ФК Вардар с.Форино се враќа во најнизок степен на натпреварување во Општинскиот сојуз каде што припаѓа – ОФС Гостивар“, извести ФФМ.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski