
Младинскиот репрезентативец Ване Крстевски е ново засилување за Шкендија. Тој ја напушта Брера и направи трансфер во тетовскиот прволигаш.
Ване Крстевски потпиша договор на три и пол години и веднаш му се става на располагање на тренерот Јетон Беќири.
„Среќен сум што потпишав за Шкендија. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата со добри игри“. изјави Ване Крстевски за официјалниот сајт на Шкендија.
Трансферот го потврди и Брера. Неофицијално, Шкендија ќе плати 100.000 евра отштета за одличниот крилен напаѓач.
„20 годишниот напаѓач Ване Крстевски својата кариера ќе ја продолжи во Шкендија откако нашиот клуб се договори со клубот од Тетово. Тој во Струмица дојде од Штип и го облече нашиот дрес уште во 2019- тата кога заигра за младинските погони.
Во сениорскиот тим почна да игра во натпреварувачката 2020/2021 од кога стана и стандарден првотимец на нашиот клуб. За Брера, Ване Крстевски има одиграно вкупно 72 натпревари во четири сезони при што има постигнато 8 гола и исто толку асистенции.
Во есенската полуетапа за Брера, младиот Крстевски одигра 17 натпревари и запиша 2 гола.
Му се заблагодаруваме на Крстевски за неговиот придонес и учинок во нашиот клуб како и за професионалниот однос и му посакуваме многу успех во понатамошната кариера“, објавија на официјалниот сајт на Брера.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
