Connect with us

Ване Крстевски има фрактура на клучната коска, за него полусезоната е завршена

Шкендија доби непријатни вести од медицинскиот тим. Крилниот напаѓач Ване Крстевски доживеа фрактура на клучната коска со дислокација, сериозна повреда која ќе бара хируршки третман.

Со тоа, есенската полусезона за него е завршена, а времетраењето на паузата ќе зависи од исходот на операцијата и текот на рехабилитацијата.

Од таборот на тетовскиот клуб сепак пристигнаа и позитивни вести – голманот Астрит Амзаи започна со лесни тренинзи поради проблемите со грбот. Тој веќе тренира на терен под надзор на медицинскиот тим, но сѐ уште не е подготвен за полн интензитет.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови