Љубовната сапуница меѓу напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди и Ванда Нара конечно се ближи кон својот крај. Љубовната двојка веќе неколку недели се напрега поради аферата на аргентинскиот напаѓач. Ванда неколку пати твитна дека нивниот брак е завршен, а ПСЖ му дозволи на Икарди неколку дена одмор додека не ја реши ситуацијата.
Денеска Ванда објави фотографија и порака на Инстаграм во која сугерира дека сепак успеале да се смират, иако веќе договориле развод на бракот.
„Фотографиите што ги објавив во последните месеци покажуваат колку бевме добри и среќни. Бев многу повредена од тоа што се случи. Секој ден барав развод од Мауро. Кога сфати дека нема враќање назад, ми рече дека не можеме да продолжиме вака затоа што е мачно. Тој сфати дека ако разделбата е единствениот начин да се стави крај на толку многу болка, тогаш треба да го направиме тоа.
Отидовме кај адвокатот. За два дена Мауро ги прифати сите услови и потпишавме договор. Следниот ден ми напиша писмо какво никој никогаш не ми го напишал: „Ти дадов сè и имаш сè, се надевам дека ќе можеш да бидеш среќна бидејќи тоа би ме направило мене среќен“.
И тогаш сфатив нешто: И да имам се, немам ништо ако не сум со него. Сигурна сум дека овој лош период низ кој поминуваме ќе не зајакне како двојка и како семејство.
Важно е дека и двајцата имавме слобода да ставиме крај на нашата осумгодишна историја, но со душа уморна од плачење, бевме слободни повторно да се избереме. Те сакам, Мауро Икарди“, објави Ванда Нара.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal