Connect with us

Ванчо Мицевски спортски директор на Пелистер, се враќаат и Митко Стојкоски и Тони Мицевски?

Македонскиот прволигаш Пелистер повторни е под капа на Општина Битола. Тимот почна со зимските подготовки, а раководната улога му е доверена на битолската фудбалска легенда Ванчо Мицевски кој ќе ја извршува улогата на спортски директор.


Пелистер цела сезона се мачи со финансии, доцна ги стартуваше и летните подготовки, а во од собра тим кој требаше да настапува во македонската елита. Тоа се одрази и на резултатите, па Пелистер е убедливо на последната позиција по првиот дел од сезоната, без ниту една победа.

Покрај Ванчо Мицевски, кој ќе биде прв оперативец, во клубот треба да се вратат и легендарните Митко Стојкоски и Тони Мицевски. Првиот се споменува како иден претседател на клубот. Ова е најава за многу поубави денови за ФК Пелистер, еден од најпознатите брендови во македонскиот фудбал.

„Тоа што го најавивме пред неколку дена, дека како општина, застануваме зад Фудбалскиот клуб „Пелистер“, веќе го реализираме. Имајќи ја предвид затекнатата состојба, како и потребата од брзо делување, веќе ги исплативме заостанатите обврски на клубот за месеците октомври, ноември и декември 2021 година. Со тоа, заклучно со 01.01.2022 регулирани се финансиските обврски на клубот, со цел создавање основа за понатамошно добро функционирање и подготовки за постигнување на добри резултати. Покрај решавањето на финансиските проблеми, пристапивме и кон решавање на останатите проблеми со кои се соочува клубот. Нов спортски директор на клубот е Ванчо Мицевски. Тука со нас се и големите фудбалски имиња, легенди на битолскиот фудбал Митко Стојковски, Тони Мицевски, Сашо Здравевски, Спасе Ристевски и Златко Цветановски, со кои во изминатиот период имавме координативни средби и состаноци на кои разговаравме за иднината на клубот, при што посебно ми е драго што ја прифатија подадената рака од Општина Битола, да дадат поддршка и да бидат дел од процесот на спортско издигнување на клубот. Со досега реализираното, а и со работата која нѐ чека во следниот период очекувам да го стабилизираме Пелистер и негово застанување на ‘здрави нозе’ и комплетно опоравување од тоа што го затекнавме“, изјави новиот градоначалник на Битола, Тони Коњановски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови