
Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Руд ван Нистелрој, зборуваше по победата од 2-0 против тимот на ПАОК во натпреварот од четвртото коло на Лига Европа.
„Доста слабо прво полувреме, благо кажано. Второто го одигравме многу подобро. Тоа е очигледно. Амад Дијало одигра клучна улога. Не само што постигна гол, туку и беше многу опасен во нападот. Не создадовме доволно шанси за Хојлунд пред паузата. Потоа се поправивме, но некои од центаршутевите не стигнаа до него“, посочи холандскиот стратег.
„Пред натпреварот им реков на момците дека Манчестер Јунајтед нема победено во европски натпревар на „Олд Трафорд“ една година. Не можевме да поверуваме. Дојде време за промена на ситуацијата. Ова е важен момент за клубот. За мене е важно да постигнувам резултати“, изјави Ван Нистелрој.
Во текот на репрезентативната пауза, Рубен Аморим ќе го преземе кормилото на Манчестер Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski