Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Луј ван Гал, го започна својот трет мандат на клупата на „лалињата“ со нерешен резултат (1-1) против селекцијата на Норвешка во квалификацискиот циклус за Светското првенство во Катар. Ова предизвика критики во јавноста, на што тој одговори дека неговата селекција, сепак, не е од светска класа.
Искусниот стручњак имаше само два дена да тренира со репрезентативците пред квалификацискиот натпревар со Норвешка.
„Нашиот противник се одбрани во многу компактен простор, што ја отежна нашата игра. Во тие ситуации треба да бидете креативни и цврсти на топката, а ние не бевме … Ја загубивме топката во многу ситуации и им реков на играчите дека сме невнимателни. Но, тоа е и поради начинот на кој играше Норвешка. Можеби мислиме дека оваа холандска репрезентација е светска класа, но не е! Мораме да функционираме како тим. Норвешка одигра многу добро тимски. Ако не почнеме да победуваме сега, не заслужуваме да бидеме на врвот во нашата група“, изјави Ван Гал.
Холандија заостанува еден бод зад Турција во групата. Следниот натпревар неговиот тим го игра в сабота во Ајндховен против Црна Гора.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













