
Рафаел ван дер Варт, поранешен играч од средниот ред на Ајакс, Хамбургер, Реал Мадрид, Тотенхем и на репрезентацијата на Холандија, сега предизвикува голем интерес како телевизиски коментатор. Неговите изјави често стануваат вирални, а најновата се однесува на тоа кој клуб е најпосакуван во светот.
„Реал е клуб за кој секој фудбалер сака да игра. Не знам зошто е тоа така, но тие многу повеќе сакаат да играат за Реал отколку, на пример, за Барселона. Секој фудбалер во светот го сака тоа, па дури и играчите на Барселона сакаат да играат за Реал Мадрид. Сигурен сум во тоа 100 %“, изјави Ван дер Варт.
Во летото 2008 година, тој прејде од Хамбургер во Реал. За две години во клубот одигра 73 натпревари, постигна 12 голови и асистираше 13 пати. Меѓутоа, тоа беше во периодот на доминацијата на Барселона, па со Реал не освои ниту еден важен трофеј. Потоа прејде во Тотенхем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
