Connect with us

Ван Дајк презеде одговорност за поразот од Арсенал: Морав многу подобро при „киксот“ со Алисон

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, презема одговорност за поразот на неговиот тим од Арсенал во дербито во Премиер – лигата. Холанѓанецот и Алисон Бекер направија огромна грешка при 1-1 и им го подарија вториот гол на „топчиите“ во моменти кога се чинеше дека Ливерпул може да дојде до водство на оваа средба.


„Ја преземам целосната одговорност за голот кој се покажа како пресвртница на натпреварот. Требаше да одиграм подобро и да донесам поинаква одлука во оваа ситуација. Беше болно за мене и за целиот тим. По паузата бевме многу подобри и имавме шанси. Доминиравме. Сепак, овој момент ги сврте работите и тоа е моја одговорност. Морав само да ја исчистам топката. Кога ќе донесете погрешна одлука во дел од секундата, тоа се случува во фудбалот. Мене не ми се случувало многупати досега во кариерата. Тешко е, но ќе се вратам и ќе извлечам поука“, изјави разочараниот Ван Дајк.


Јирген Клоп сепак застана во одбрана на Холанѓанецот и Алисон, кој не беше ништо помалку виновен за овој гол.


„Нашите двајца главни играчи не беа синхронизирани во таа ситуација. И тие се луѓе. Тоа само покажува колку се посебни работите што тие обично ги прават. Можевме подобро да се одбраниме и при првиот гол, но таков е фудбалот“, истакна Јирген Клоп.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови