
Капитенот Вирџил ван Дајк очекува уште поголемо искушение за Ливерпул во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен. Французите ги надиграа „црвените“ во првиот натпревар, но загубија со 0-1 благодарение на херојските одбрани на голманот Алисон Бекер и голот на Харви Елиот во 87. минута.
„Пари Сен Жермен е неверојатен тим. Тие имаат фантастичен состав и се многу енергични“, изјави дефанзивецот на лидерот во англиската Премиер – лига.
„Се разбира, многу разговаравме за првиот натпревар. Го анализиравме повторно и видовме како се движат. Кога ќе ја загубат топката, веднаш почнуваат со тимски пресинг и сите се движат заедно. Ќе биде тешко. Ако некој очекува дека ќе излеземе и целосно ќе доминираме, тогаш не го следел Пари Сен Жермен оваа сезона“, продолжи Ван Дајк.
„Бевме добро подготвени и во првиот натпревар. Да, во одредени аспекти можевме и требаше да се справиме подобро, но и вечерва нема да биде полесно. Напротив, ќе биде потешко, бидејќи тие доаѓаат само и единствено по победа. Се надевам дека ќе имаме фантастична вечер, но Пари Сен Жермен е на највисоко ниво и тоа веќе го докажа“, заврши капитенот на Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
