Connect with us

Ван Дајк: На Ливерпул му се потребни нови засилувања за да биде конкурентен за титула

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, побара од раководството на клубот да донесе нови засилувања во текот на летото доколку сакаат тимот да биде конкурентен следната сезона.


„Треба да ангажираме нови играчи ако сакаме да останеме на исто ниво како последните пет години. Очигледно некои играчи ќе си заминат. Ако сакаме да бидеме на највисоко ниво, тогаш ни требаат и многу квалитетни замени“, изјави Ван Дајк.

Ливерпул е елиминиран од Лигата на шампионите, а ќе води жестока битка во Премиер – лигата за повторно да обезбеди пласман во елитното натпреварување и следната сезона. Во моментов „црвените“ се наоѓаат на шестото место со 42 бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови