Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, не останал тивок во тунелот за време на натпреварот против Пари Сен Жермен, кога спортскиот директор на францускиот клуб, Луис Кампос, го нападнал вербално главниот судија за спорната ситуација со Ибрахима Конате и Бредли Баркола.
По завршувањето на првото полувреме, Кампос го нападнал судијата Давиде Маса со обвинување дека не досудил прекршок, кој ќе резултираше или со пенал или со црвен картон.
„Ова е црвен картон или пенал на кое било место во светот. Јасно е дека имаше туркање во грбот. Бидејќи играчот е последен човек и спречува очигледна гол-шанса, тоа е црвен картон. Контактот со телото треба да биде рамо до рамо, а не во грбот“, рекол Луис Кампос.
Гледајќи што се случува, Ван Дајк му возвратил на Кампос со зборовите: „Брате, ајде, ова не ти е Лига 1“.
Холанѓанецот се повикува на француското првенство, чие елитно натпреварување го носи името „Лига 1“. Во него, ПСЖ освои десет титули во последните 12 сезони, а најверојатно ќе додаде уште една ова лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













