
Реал Мадрид официјално го објави новиот долгорочен договор на својот играч за врска Федерико Валверде, кој е со важност до летото 2029 година.
Уругвајскиот интернационалец ги следеше соиграчите Винисиус Жуниор, Родриго и Едуардо Камавинга, кои во последните две недели исто така ги обновија договорите со клубот за идните години. Очекувано, новата откупна клаузула на 25-годишниот играч за врска изнесува импресивна милијарда евра.
Валверде пристигна во Реал Мадрид во летото 2016 година, кога „кралевите“ за него платија само 5 милиони евра на Пењарол. Потоа, фудбалерот играше една сезона, прво во Б-тимот, а потоа и во Депортиво Ла Коруња. Во сезоната 2018/19 тој се проби во првиот тим на Реал Мадрид и оттогаш одигра вкупно 220 натпревари со 19 голови и 18 асистенции, освојувајќи девет трофеи.
🦅💪 #Valverde2029 💪🦅 pic.twitter.com/HOVPQZftZe
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) November 9, 2023

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Матеј Гаштаров дебитираше за сениорскиот тим на Црвена Звезда

Интернационалци
Серафимов потпиша за Левски
