Connect with us

Валенсија доби „шестка“ од Барса, а Столе Димитриевски гледаше од клупата (ВИДЕО)

По разочарувачкото реми со Рајо Ваљекано во претходното коло, Барселона ја истури целата нервоза врз поранешниот голем ривал, Валенсија. На стадионот „Јохан Кројф“ вечерва се случи вистинска голеада и убедлива победа од 6-0. Столе Димитриевски остана на клупата за резерви кај Валенсија.

Првото полувреме мина во целосна доминација на каталонците. Топката постојано беше во нивна сопственост, а „лилјаците“ не упатија ниту еден удар кон голот на домаќините. Сепак, дисциплинираната одбрана на Валенсија издржа до 29. минута, кога по типична акција на Барса – брзо кружно додавање и пронајдена празнина – Феран Торес одлично проигра до Фермин Лопез, кој ја затресе мрежата за 1-0.

Во вториот дел на сцената стапија резервистите. Рафиња, кој влезе на полувремето, веќе во 53. минута зголеми на 2-0 по асистенција на Маркус Рашфорд. Само три минути подоцна, повторно блесна Фермин Лопез со убав удар со левата нога за 3-0.

Валенсија беше целосно изгубена, а Барса продолжи да ја казнува. Во 66. минута Рафиња уште еднаш се запиша во листата на стрелците за 4-0, а резервистот Роберт Левандовски со два гола во завршницата ја заокружи катастрофата. Најпрвин во 76. минута по додавање на Дани Олмо, а потоа и во 86. минута, по интервенција на ВАР кој ја исправи грешката на судијата, за конечни 6-0, најубедлив триумф оваа сезона во Ла Лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови