Холандскиот репрезентативец Џорџинио Вајналдум потпиша за францускиот гигант Пари Сен Жермен. Тој ќе остане на „Паркот на принцовите“ до јуни 2024 година и ќе зарабоотува 9 милиони евра по сезона.
„ПСЖ со задоволство информира дека потпиша договор со Џорџинио Вајналдум. Холандскиот репрезентативец кој доаѓа од Ливерпул, потпиша до 30 јуни 2024“, извести францускиот клуб.
Вајналдум беше пред потпис со Барселона, но во трката се вклучи ПСЖ, понуди подобри услови и Холанѓанецот ја промени одлуката.
„Подготвен сум за новиот предизвик. Чест ми е што ќе бидам дел од голем клуб како Пари Сен Жермен и се надевам дека ќе му помогнам на тимот да ги оствари зацртаните цели“, изјави Вајналдум.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













