Светот на фудбалот остана во шок кога беа откриени огромните здравствени проблеми на познатиот аргентински фудбалер Езекиел Лавеци. Тој неодамна заврши во болница поради убодни рани во пределот на стомакот, а вчера се пријави на лекување поради проблем со наркотици.
Новинарот Естефи Берарди реши да ја открие позадината на приказната за Езекиел Лавеци и неговите проблеми со менталното здравје.
Тој вчера се појавил во болница за да започне со лекување од дрога, а тоа се случува дваесетина дена откако бил примен со убодни рани во пределот на стомакот.
Берарди тврди дека на забавата Лавеци станал многу нервозен и почнал да се однесува чудно.
„Одеднаш стана многу нервозен. Слушна гласови во главата, рече дека доаѓаат по него и дека го бркаат. Беше исплашен како никогаш досега“, открива Естефи Берарди.
„Толку се исплашил што ги фатил ножиците и почнал да се прободува. Тогаш брат му решил да реагира и се обидел да ја контролира ситуацијата. Почо не е мала личност, морал физички да се пресмета со него и завршил со скршена клучна коска.”
Очигледно дека Езекиел Лавеци има сериозни проблеми.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













