
Лацио се пласираше во Лигата на шампионите следната сезона, но полека останува без клучни играчи. Од тимот си замина Сергеј Милинковиќ-Савиќ, а истото може да го стори и Чиро Имобиле.
Милинковиќ-Савиќ по многу шпекулации за разни европски гиганти, на крајот заврши во Саудиска Арабија.
Уште еден од клучните играчи на Лацио би можел да го напушти главниот град на Италија, а тоа е напаѓачот Чиро Имобиле.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, за него има интерес од новата „ветена земја“ Саудиска Арабија, па и тој би можел да замине на Блискиот Исток. Оттаму за неговите услуги на Лацио му се понудени 60 милиони евра.
Имобиле би добил договор за три години и, познавајќи ги Саудијците, плата што би ги обезбедила него и неговото семејство најмалку три животи.
Чиро Имобиле има 33 години, а неговиот договор со Лацио е до летото 2026 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal