
Репрезентацијата на Уругвај ја елиминираше селекцијата на Бразил во Лас Вегас после подобро изведување на пенали (4-2).
Најголемото изненадување во нокаут рундата на Копа Америка го приреди тимот на Марсело Биелса кој беше подобар ривал од фаворизираниот Селесао во поголемиот дел од натпреварот.
„Лудакот“ мораше да менува веќе во 33. минута кога Араухо поради повреда мораше да му отстапи место на Хозе Хименез, а двете селекции своите единствени шанси во првото полувреме ги имаа практично во истата минута.
Прво ударот на Нуњез со глава заврши над голот, а потоа на другата страна ударот на Рафиња го спречи Рочет.
Следуваше многу груб период на натпреварот кој кулминираше со директен црвен картон за Нандез поради невнимателен старт над Родриго.
Селекторот Доривал Жуниор се обиде да го освежи тимот во самата завршница на натпреварот, но бидејќи немаше промена на резултатот, веднаш се пристапи кон изведување на пенали.
Промашувањата на Милитао во првата, а потоа и на Даглас Луиз во третата серија, ја најавија големата победа на Уругвај кој во полуфиналето на Копа Америка го испрати Угарте со умешно реализиран удар од белата точка.
Претходно, Колумбија во Глендејл ја декласираше Панама со 5-0.
„Каналџиите“ веќе после првите 45 минути беа „во каналот“ бидејќи Колумбија стекна предност од три гола пред да замине на пауза.
Во полуфиналето на Копа Америка ќе се сретнат Аргентина – Канада, односно Уругвај – Колумбија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal