Connect with us

Унаи Емери е менаџер на месецот во Премиер-лигата

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, е прогласен за најдобар менаџер во декември. По него следуваат Андони Ираола, Јирген Клоп и Дејвид Мојс.


„Благодарен сум и многу горд на работата што ја работиме. Важно е да бидеме доследни, да бараме и да се трудиме да се подобруваме секој ден“, изјави Емери.


Астон Вила забележа само еден пораз на седум натпревари, а успеа да оствари последователни победи над Манчестер Сити и над Арсенал.


Ова е втора награда за менаџер на месецот за Емери, откако беше најдобар во април 2023 година.
Астон Вила е второпласирана на табелата во Премиер – лигата со 42 бода, три помалку од Ливерпул.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови