
Францускиот интернационалец Самуел Умтити сака да го раскине договорот со Барселона со цел да бара нов клуб како слободен агент во зимскиот преоден рок.
Роналд Куман, тренерот на каталонскиот клуб, јасно му стави до знаење дека нема да смета на францускиот фудбалер со камерунско потекло во текот на оваа сезона. Тој му порача да си замине изминатото лето, но Умтити одлучи да остане иако знаеше дека нема да добие шанса за настап.
Не е невозможно да се раскине договорот бидејќи Барселона е во финансиска криза и сака да се ослободи од сите играчи кои имаат високи примања и не се во преден план, со цел да го олесни буџетот.
Доколку Умтити го раскине договорот, Милан или Јувентус би можеле да го доведат 28-годишен стопер во јануарскиот преоден рок.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
