Connect with us

Умтити не ги минал медицинските тестови за трансфер во Рен

Трансферот на дефанзивецот Самуел Умтити од Барселона во Рен нема да се оствари, бидејќи играчот не ги поминал медицинските тестови, пренесува каталонскиот „Спорт“. Според непотврдени информации, проблемот се појавил при тестови за срцевите функции, кои не го задоволиле докторот на Рен.


Бидејќи на „црвено-црните“ од Бретања итно им е потребен централен дефанзивец, вечерва почнаа преговорите со Бразилецот Морато од Бенфика.

Во оваа ситуација Барселона треба да бара друга дестинација за францускиот дефанзивец, но пред тоа мора да се погрижи играчот да биде во добра здравствена состојба.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови