
Шкупи успеа да ја совлада (0-1) Академија Пандев во Струмица и ја следи во чекор Шкендија во трката за врвот на табелата во Првата фудбалска лига. Тренерот Умит Каран е задоволен од победата и трите бода, вели дека составот од Чаир сосема заслужено го комплетирал триумфот против Академија Пандев. Стрелец на единствениот гол беше Дембо Дарбо.
„Беше тоа тежок натпревар, а ние заслужено стигнавме до победа во второто полувреме. Имавме контрола на мечот и во првиот дел, создадовме многу шанси за погодок. Задоволни сме од трите бода и тоа што го видов беше позитивна промена кај тимот. Работевме напорно изминатите две седмици во текот на паузата и тоа веднаш е воочливо. Но, веднаш да го заборавиме овој натпревар, затоа што не очекуваат големи предизвици во периодот што доаѓа. Ќе бидеме гости на неколку тешки натпревари, а да не го заборавиме и мечот во Купот на Македонија веќе в среда“, изјави Умит Каран.
Шкупи се наоѓа на втората позиција на табелата со 19 бода, само два помалку од лидерот Шкендија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
