
Најжестоките навивачи на Пари Сен Жермен планираат да ги бојкотираат натпреварите до понатамошнa друга одлука, поради зголемените тензии со управата.
„Ултрасите“ изјавија дека освен натпреварите на машката екипа, нема да ги следат ниту натпреварите на женскиот фудбалски тим, ниту на ракометниот клуб.
„Состојбата на нашиот однос со управата нè наведува да веруваме дека ова е најдоброто и единственото решение, кое веројатно ќе ја зачува нашата заедничка иднина“, изјавија навивачите по средбата со управата на клубот.
Пари Сен Жермен сезонава се бори за 11. титула во француската лига, а на четири кола до крајот има шест бода повеќе од второпласираниот Ленс. До крајот на сезоната тимот ќе одигра два натпревари на својот стадион, Паркот на принцовите“.
И покрај големите вложувања на катарските сопственици во тимот и доведувањето на најголемите ѕвезди на светскиот фудбал, клубот се уште не успеал да ја освои Лигата на шампионите.
Некои навивачи неодамна протестираа пред куќата на Бразилецот Нејмар, што тренерот Кристоф Галтие го осуди велејќи дека е „надвор од контрола и опасно“.
За време на натпреварите го исвиркаа и еден од најдобрите играчи на сите времиња, Лионел Меси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Најтрофејниот клуб Вардар го победи шампионот Струга ТЛ на гости, а Шкендија успеа да...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски
Најтрофејниот македонски клуб Вардар успеа да го совлада актуелниот шампион Струга Трим Лум на...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси го декласира Саутемптон (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Баерн Минхен ја купува младата ѕвезда на Реал?
