Connect with us

Украинците ја избраа Шпанија за „домашна база“ за баражите за СП 2026

Украинската фудбалска асоцијација објави дека националниот тим ќе ги одигра своите плејоф натпревари од квалификациите за Светското првенство 2026 на територијата на Шпанија.

Натпреварот против Шведска ќе се одигра во Валенсија, на стадионот на Леванте, кој има капацитет од 26.354 места.

Во случај на победа над скандинавците, Украинците повторно на истото место ќе го пречекаат победникот од дуелот Полска – Албанија. Овој натпревар ќе одлучи за едно од последните четири места на УЕФА за Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Вакви бараж натпревари ја очекуваат и Македонија.

Досега, Украина ја користеше Полска како домашна база, но поради можноста двата тима да се сретнат во финалето на плејофот, федерацијата одлучи да избере неутрална дестинација.

Плејоф-натпреварите за СП 2026 ќе се одиграат на 26 и 31 март 2026 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови