
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша указ со кој се воведуваат повеќекратни санкции за рекордерот по бројот на натпревати за украинската репрезентација, Анатолиј Тимошчук. Поранешниот фудбалер беше вклучен во списокот за санкции на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина во период од 10 години, заедно со други популарни личности од спортот и шоу-бизнисот во Украина и Русија.
Тимошчук е тренер во Зенит Санкт Петербург и сѐ уште не ја осудил руската агресија и војната во Украина. Тој постојано беше повикуван од неговите сонародници да ја напушти функцијата, но не го стори тоа. По нападот на Русија на 24 февруари минатата година, Тимошчук реагираше само со мала објава на Инстаграм во која повика на мир.
Една од главните последици од санкциите за 43-годишниот екс-фудбалер, кој е родум од Луцк, е блокирањето на сите средства, но и оние со кои може индиректно да управува.
На Тимошчук му е забрането да влегува во Украина, како и да врши комерцијални операции во земјата, да пренесува капитал надвор од земјата. Исто така, му е забрането да купува парцели. На Тимошчук исто така му се одземени сите спортски награди.
Ова не е прва санкција за поранешниот фудбалер. На роденденот на Тимошчук, градскиот совет на Луцк му ја одзеде титулата „почесен граѓанин на градот“ на поранешниот играч на репрезентацијата на Украина.
Украинската фудбалска федерација му ги одзеде на Анатолиј Тимошчук сите спортски награди и титули, како и го тргна од официјалната евиденција на националниот тим „поради неговата тивка поддршка“ за војната на Русија во Украина.
Тимошчук има 114 натпревари за Украина и е рекордер по бројот на одиграни мечеви.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Стефан Спировски

Евро-фудбал
Мурињо сака да го доведе Санчо во Фенербахче

Евро-фудбал
Мбапе се враќа за дуелот со Салцбург?

Евро-фудбал
Интер со пресврт до триумф против Урава редс
