
Македонскиот првак Струга Трим Лум е пред голем предизвик. Вечерва во Братислава (19 часот) го игра првиот меч од воведното квалификациско коло во Лигата на шампионите против словачкиот шампион Слован Братислава.
Нигерискиот интернационалец Хоган Укпа е оптимист, најавувајќи дека Струга ТЛ ќе се бори да остане непоразена против силниот ривал.
„Од овој натпревар очекувам добра атмосфера, добар натпревар со многу гледачи. Веруваме дека работевме напорно, не само за време на подготовките, туку и од минатата сезона, кога стигнавме до плеј-оф фазата во европските натпреварувања, и веруваме дека ќе постигнеме уште поголеми успеси од минатата сезона“, изјави Укпа.
Натпреварот меѓу Слован Братислава и Струга Трим Лум се игра од 19 часот на стадионот „Техелне поле“ во Братислава.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами
