Европското првенство во 2028 година, каде што титулата ќе ја брани репрезентацијата на Шпанија, ќе се одржи во Велика Британија и Република Ирска.
Иако звучи неверојатно, постои реална можност фудбалската репрезентација на Англија да го пропушти следното Европско првенство или да ѝ се одземе домаќинството поради потенцијална суспензија. Ова се должи на предупредувањето од УЕФА дека Англија би можела да биде санкционирана ако владата продолжи со своите планови за создавање регулатор во сениорскиот машки фудбал.
Според извештаите, упатено е писмо од УЕФА до Министерството за култура на Велика Британија со предупредување дека владиното мешање во управувањето со фудбалот не смее да се случува. Овие планови дојдоа по обидите да се спречи создавањето на Суперлигата, а новиот закон би овозможил регулаторот да ги надгледува клубовите во првите пет дивизии на англискиот фудбал.
Доколку не се исполнат барањата на УЕФА, Англија може да биде лишена од можноста да биде домаќин на ЕВРО 2028, иако остануваат уште четири години до турнирот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













