Финалето на Европското првенство треба да се одржи на „Вембли“ во Лондон на 11 јули, но УЕФА размислува да ја промени дестинацијата и да ја додели на Будимпешта.
УЕФА би можела да и ја одземе на Англија организацијата поради рестриктивните мерки за заштита од коронавирусот кои се уште се на сила во Велика Британија. Европската фудбалска организација бара од Велика Британија да дозволи исклучок од правилото за десетдневен карантин за 2.500 ВИП гости за финалето на ЕП на „Вембли“.
Доколку не добие повластувања за одредени ВИП личности, УЕФА би го преместила финалето во Будимпешта, а таму мечот би се играл пред 67.000 гледачи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













