Connect with us

УЕФА препорачува: Дебито на Македонија на ЕВРО, меч што мора да го гледате

Дебитантскиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија на Европското првенство, УЕФА го вметна меѓу седумте највозбудливи мечеви од првата фаза на шампионатот кој летово ќе се одржи во 12 града ширум Европа. Нашиот национален тим на 13 јуни во Букурешт ќе ги одмери силите со Австрија, а тоа ќе биде прв историски натпревар за Македонија (сениори) на Европско првенство.


УЕФА го направи овој избор на официјалната интернет страница. Покрај дебито на Македонија, меч што мора да се погледне е отворањето на шампионатот меѓу Италија и Турција во Рим, потоа дуелот на европскиот првак Португалија и светскиот шампион Франција во Будимпешта. Мнпогу интересен ќе биде и натпреварот меѓу Англија и Шкотска на „Вембли“, дебито на Финска на ЕП, како и дуелите на Шпанија против Полска и на Германија против Унгарија.

„Македонија беше во група со Австрија во квалификациите, пред да ги мине Косого и Грузија во баражот за да го обезбеди својот прв настап на завршниот турнир и сега има шанса за реванш. Австрија ја победи Македонија и дома, а и на гости, а таа победа во Виена со 2-1 им го обезбеди пласманот на Евро 2021. Сепак, сега ќе биде поинаку кога ќе се судрат во Букурешт. Првата ѕвезда на Македонија е капитен, фудбалер со најмногу настапи и голови, Горан Пандев, кој го даде погодокот за пласман на ЕП. Ќе има ли уште еден значаен погодок или два за 37-годишната ѕвезда?“, објави УЕФА на официјалната интерет страница.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови