УЕФА подготвува ново натпреварување кое би започнало пред Лигата на шампионите и би послужило како вовед во сезоната, открива „Марка“, додавајќи дека натпреварувањето треба да започне во 2024 година, како и новиот формат на Лигата на шампионите кој беше одобрен минатиот месец.
Според шпанскиот медиум, на турнирот треба да настапат четири клуба, меѓу кои и победникот во Лигата на шампионите, а би се одржувал во САД.
Суперкупот на Европа не би се укинал, туку треба да го играат победниците во Лига Европа и Конференциска лига. Досега во него играа победниците во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа.
„УЕФА ќе го испроба фајналфор форматот на тој летен турнир, што ќе биде одговор на турнирите организирани од големите клубови“, пишува „Марка“, истакнувајќи дека ќе се игра во август.
Да потсетиме, Лигата на шампионите ќе се прошири од 32 на 36 клуба и ќе се игра по „швајцарски модел“. Нема да има групи, но секој тим ќе одигра по осум натпревари против противници од различни силни групи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













