
Европската фудбалска организација (УЕФА) отворила истрага против фудбалската репрезентација на Македонија за кршење на Ковид-протоколите пропишани пред почетокот на Европското првенство. Фудбалерите и стручниот штаб на Македонија пред мечот со Холандија си беа на туристичка прошетка со бротче низ каналите на Амстердам, а тоа не е дозволено според строгите протоколи на УЕФА за заштита од коронавирусот. Поради ова, според член 31/4 од Дисциплинскиот правилник прекршен е етичкиот кодекс на однесување и Македонија можеби се соочува со финансиска казна.
Речиси сите фудбалери на социјалните мрежи си ги споделија пријатните моменти од туристичката прошетка и информациите секако стигнаа и до УЕФА.
На последниот ден во Букурешт, капитенот Горан Пандев и селекторот Игор Ангеловски исто така ја напуштија базата во хотелот “Мериот” и заминаа на вечера со семејствата. Исто така, селекторот Игор Ангеловски, капитенот Горан Пандев и заменик капитенот Стефан Ристовски во Букурешт даваа и изјави на неакредитирани новинари пред хотелот, што исто така е прекршување на Ковид-протоколот на УЕФА. Очигледно дека Македонија ја очекува жестока казна поради непрофесионалното однесување на стручниот штаб и на фудбалерите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ

Евро-фудбал
Арсенал се пофали со Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан
