
Германскиот играч за врска Џулијан Дракслер го напушти Пари Сен Жермен и кариерата ќе ја продолжи во Ал-Ахли, соопштија францускиот и катарскиот клуб. Дракслер, кој игра за ПСЖ од 2017 година, потпиша двегодишен договор.
Во Катар, Германецот му се придружи на друг поранешен играч од средниот ред на ПСЖ, Марко Верати, кој замина во Ал-Араби, како и на дефанзивецот Абду Диало.
За ПСЖ забележа 198 настапи, постигна 26 гола, а минатата сезона ја мина на позајмица во Бенфика. Во текот на кариерата играше и за Волфсбург и за Шалке. За германската репрезентација забележа 58 настапи и постигна седум гола. Веднаш по објавувањето на овој трансфер, „Марка“ објави дека УЕФА покренала истрага против ПСЖ.
Спорни се тие три трансфери од ПСЖ, клуб во сопственост на Катар, во клуб од Катар. Марко Верати беше продаден за 45 милиони евра, Абду Диало за 15 милиони, а Џулијан Дракслер за 9 милиони евра. Затоа ПСЖ од тие трансфери заработи вкупно 69 милиони евра.
Доколку истрагата покаже дека овие трансфери се направени само за да му се вбризгаат пари на ПСЖ потребни за задоволување на финансискиот фер-плеј, можно е УЕФА да ги замрзне тие пари и да одбие да ги вброи во пресметката на ФФП.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам – Џуд Белингем ќе го освојува светскиот фудбал
Борусија Дортмунд би можела да ја искористи слабата фаза на Баерн Минхен и да...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Тешка повреда за Кристијан Велиновски во Азербејџан

Евро-фудбал
Шевченко ќе го замени Пиоли на клупата на Милан?

Интернационалци
Мирсад Јонуз е нов тренер на Лирија Призрен

Интернационалци
Тешка повреда за Кристијан Велиновски во Азербејџан
