
Европската фудбалска организација (УЕФА) на состанокот на Извршниот комитет на 7 април ќе го укине актуелниот финансиски фер-плеј и ќе воведе „селари кап“ во фудбалот. Намерата е да се ограничат клубовите да трошат енормно, а потоа прават долгови кои се алармантни и за нивното понатамошно постоење.
Главната поента на „селари капот“ ќе биде тоа дека секој клуб ќе може да потроши во годината 70 отсто од тековните приходи на плати. Клубовите ќе добијат две години за можат да се прилагодат на новите барања на УЕФА, а од 2024 година ќе биде воведена оваа новина, заедно и со реаорганизацијата во Лигата на шампионите.
УЕФА треба да го претстави проектот за две седмици, а потоа ќе има и анализи како тоа ќе делува на европскиот фудбал. Можеби големите клубови од Премиер – лигата, кои имаат огромни приходи од ТВ права и ќе можат брзо да се прилагодат, но тоа ќе треба да го сторат и сите останати клубови во Европа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Луис Суарез нема да остане во Интер Мајами

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по потписот на Еберечи Езе
