УЕФА има намера да ги промени правилата за трансфери, откако голем број клубови од Премиер – лигата ги критикуваа постапките на Челси.
УЕФА е подготвена да ја затвори дупката што му овозможи на Челси да ги одложи своите рекордни трошоци за трансфери до осум години. Голем број клубови на Островот го обвинија лондонскиот клуб дека се обидува да ги заобиколи правилата за финансиски фер-плеј со користење на амортизација за да ги распредели трошоците на Михаил Мудрик во текот на осум години.
Статутите на ФИФА одредуваат максимална должина на договор од пет години, но дозволени се исклучоци, кои ги користи Челси. Промената на правилата нема да влијае на неодамнешните засилувања на Челси, но веројатно ќе ја ограничи нивната способност да се движат во наредните преодни рокови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













