
Македонскиот освојувач на Купот, тимот на Вардар, не успеа да им се спротивстави на расположените фудбалери на Марибор и загуби убедливо со 5-0 на пријателскиот натпревар одигран во рамки на подготовките во Словенија.
Средбата се играше во продолжен формат од 2 x 60 минути, а избраниците на Гоце Седлоски држеа чекор до 65. минута. Тогаш започнаа ротациите, по што дојде падот во играта и резултатот брзо почна да се менува во корист на словенечкиот тим.
Во првиот дел доминираше Судани, кој неколкупати сериозно го загрози голот на Вардар, но одбраната успешно одолеваше. Сепак, по паузата, Марибор го најде патот до мрежата.
Габонецот Мбина погоди прецизно во 65. минута, а потоа беше незапирлив – со уште два гола (84’ и 104’) го заокружи својот хет-трик.
Во 114. минута, Мбина изнуди пенал, а капитенот Репас беше сигурен реализатор за 4-0.
Само неколку моменти пред крајот, Комароми по двојна комбинација со Сикошек ја потврди убедливата победа од 5-0.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal