
Фудбалерот за врска на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, би можел да се врати по повредата порано од очекуваното, а тимот е подготвен да преземе ризик кон крајот на сезоната во борбата за титулата во Бундес0лигата со водечкиот Баерн Минхен.
Вирц се здоби со повреда на скочниот зглоб пред четири недели, но тренерот Чаби Алонсо откри дека лидерот на неговиот тим е блиску до камбек.
„Чувството во неговиот зглоб е добро. Не сакаме да бидеме внимателни со Фло. Би сакале да преземеме одреден ризик“, изјави Чаби Алонсо. „Ако може да игра порано, ќе го преземеме тој ризик. Можеме да бидеме оптимисти дека ќе се врати побрзо од очекуваното“, додаде шпанскиот стратег.
Тимот од Леверкузен ја започнува завршната фаза од сезоната во петок навечер, против тимот кој е пласиран при дното на табелатa, Бохум.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal