Connect with us

Убава вест: Илија Несторовски се врати во дресот на Удинезе во Серија А

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски по долга пауза вечерва го имаше својот камбек во дресот на Удинезе во Серија А. Тој ја надмина тешката повреда на коленото и ги одигра последните десетина минути на мечот против Емполи (3-1).

Неговиот тим дојде во водство со голот на Жерар Делофеу, но Емполи направи пресврт во вториот дел преку Стојановиќ, Бајрами и Пинамонти.

Несторовски влезе во игра во 79.минута на местото на Исак Саксес и го означи својот камбек на терените во Италија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови